За поддржувачите на ДПМНЕ, полицијата ги тргна оградите пред Судот

by fokus

На протестот пред Судот во организација на ГДОМ, а на кои присуствуваат членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата ги отвори поставените огради. Тоа се случи откако функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои присуствуваат на протестот и го рекоа тоа на полицијата, за демонстрантите да може да застанат под сенка. Полицијата ги послуша.

Инаку, поддржувачите на ДПМНЕ денеска беа носени со автобуси од другите градови, а вработените во администрацијата добија слободен ден за да присуствуваат на протестот со кој се бара Судот да ја укине мерката куќен притвор за битолскиот градоначалник, Владимир Талески.

 

ФОТО: ПлусИнфо

Поврзани новости