За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие, велат од СДСМ

by Fokus

СДСМ бара одговорност за починатите бебиња на Детската клиника. Оттаму велат дека состојбите во здравството се влошуваат од ден на ден и дека за тоа мора да има одговорност.

„Алармантно расте бројот на смртните случаи, 20 бебиња почнаа во изминатите 7 месеци, се влошуваат услугите за граѓаните. Мора да има одговорност за она што се случува, мора да има одговорност за починатите бебиња. Јавноста е сведок дека има обиди да се заташка последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините.

Зошто бебето не било примено? Зошто немало специјалист кога го донеле бебето во болница? Кој е одговорен за ова? Клучното прашање е кого штити Таравари? Себе си? Неговиот кадар Мемеди? Ова е недозволиво.

Министре за здравство Таравари, се работи за деца, ова се трагични бројки, заедно со директорот на Клиниката за детски болести Мемеди, треба излезете и да си поднесете оставки.

Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници за да не зборуваат јавно за проблемите во здравството. Катастрофата во здравството не може да се крие. Одговорност мора да има!“ порачаа од СДСМ.

Поврзани новости