За помалку од пет месеци од почетокот на првите кампањи за масовна вакцинација, во декември 2020 година, ширум светот се употребени повеќе од милијарда дози вакцина против корона вирусот, пресметаа француските медиуми.
Најмалку 1.002.938.540 дози се потрошени во 207 земји и територии на светот, според пресметката заснована на официјални извори.
Повеќе од половината од вкупната бројка (58 проценти) е потрошен во три земји: САД (225,6 милиони), Кина (216,1 милиони) и Индија (138,4 милиони). Но, во однос на популацијата, најуспешен е Израел, каде речиси 60 проценти од населението ги примило двете дози на вакцината.
Следат Велика Британија (49 проценти добија барем по една доза), Обединетите Арапски Емирати (повеќе од 51 процент), САД (42 проценти), Чиле (41 процент), Бахреин (38 проценти) и Уругвај ( 32 проценти).