475
Вчера во периодот од 09 до 14 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
При контролата, санкционирани се 203 прекршоци, од кои, 172 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
За време на контролата санкционирани се и 105 други видови на прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.