Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.30 до 19.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Прилеп, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 99 возачи, од кои 39 за возење без возачка дозвола, осум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл, две санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за возење со брзина поголема од дозволената…
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.