За пет часа, 471 казна за брзо возење

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 471 возачи.

Од нив, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово-84, потоа СВР Охрид-67.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости