Нема никогаш да го премолчам овој час бидејки ме боли 27.04.2017година. Ме боли денес, толку многу колку што ме болеше 24.12.2012 година.
Под притисок на кукавиците ечат крикови за одбрана на кукавичлукот на моите колеги „Уметници” се срамам што велам УМетници бидејки да бидеш голем уметник мораш да бидеш и голем човек, тоа е мојата јавна порака до кукавиците. Кукавици кои повикуваа да се користат вистински, наместо гумени куршуми! Кукавици кои наместо за соживот повикуваа на смрт за мултикултурална Македонија! Тие не се патриоти туку предавници! Моите колеги од Турски театар Скопје после долги изминати години вечерва настапуваат во братска Р. Турција на меѓународен театарски фестивал и ја претставуваат мојата, вашата нивната татковина! Тоа е патриотизам! Додека ви пишувам вам јас сум заедно на сцената со моите колеги кои несебично го вложуваат сиот свој труд за нов театрски подвиг кој ќе биде отсај на нови достигнувања за што подостојно презентирање на културата на нашата заедничка татковина во Европа и Светот.
Моите другари, колеги од филмскиот проект Исцелител кои имаат куп мегународни фестивалски настапи во Европа и Светот со кои се гордееме сите граѓани на Република Македонија, тие се вистински патриоти!
Оние кои посегнаа против вољата на народот оставајки траен белег од кој сите носиме грч во душата, тие се кукавици! Никогаш нема да се двоумам да ги наречам кукавици обични платени кукавици.
Затоа што денес кукавиците се кријат под маските на патриотизмот, затоа им пишувам недвосмилено дека се обични кукавици, а моите другари се вистински патриоти! Вие мои колеги останете горди вистински патриоти, а вие кукавици под маски, лажни патриоти или само обични кукавици живејте во својата лага до некој следен кукавички или “патриотски” подвиг..
Го пишувам овој текст за никогаш да не се повтори и заборави 27.04.2017 година.
Пишува: Един ЈАКУПОВИЌ-Актер