356
Владејачката Партија на правдата и развојот на Турција на претседателот Реџеп Таип Ердоган има за цел да ја намали инфлацијата во земјата на едноцифрена.
Како што е наведено во манифестот на партијата за изборите закажани за 14 мај, нејзин главен приоритет ќе остане строгата буџетска политика, пренесува Ројтерс.
Манифестот беше објавен додека претседателот Ердоган одржа говор на почетокот на неговата изборна кампања и во него се наведува дека Турција има за цел да постигне годишен економски раст од 5,5 отсто помеѓу 2024 и 2028 година, зголемувајќи го бруто домашниот производ на 1,5 милијарди долари до крајот на 2028 година.