Илјадници баратели на азил кои живеат во Германија, веќе биле депортирани или доброволно ја напуштиле земјата, не се откажуваат од идејата прибежиште да најдат во оваа земја, па затоа повторно се враќале и барале азил, пишува весникот Велт.
До 30 октомври оваа година во Германија имаше 4.916 баратели на азил кои влегле во земјата двапати од 2012 година и тогаш биле или депортирани или отишле доброволно, по што повторно се вратиле и по третпат поднеле барање за азил, пишува весникот, повикувајќи се на информации од германската Влада.
Во Германија има 1.023 баратели на азил кои по четвртипат се обидуваат да добијат азил, а 294 се обиделе петпати или повеќе.
Според германското Федерално биро за статистика, речиси 1,8 милиони луѓе дошле во земјата помеѓу 2010 и 2018 година барајќи прибежиште.