За новата вакцина од Австрија се тврди дека штити од сите варијанти на коронавирусот

by fokus

Новата вакцина од Австрија заштитува од сите варијанти на коронавирусот, соопшти Еуроком ПР, Меѓународна комуникациска мрежа на Град Виена.

Тим научници од Медицинскиот универзитет во Виена разви нов тип вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, а според податоците од претклиничките студии, ефикасна е против сите варијанти на вирусот, вклучувајќи ја и омикрон.

Медиуми наведуваат дека, додека постоечки генетски вакцини против Ковид-19, предизвикуваат главно привремен имунолошки одговор, оваа вакцина обезбедува создавање долготрајни антитела.

– Се стекнува траен имунитет и против стари и против нови варијанти на коронавирусот. Активните компоненти на вакцината, го зајакнуваат имунолошкиот одговор и го блокираат ширењето на вирусот, појасни водачот на истражувањето, Рудолф Валента, од Центарот за патофизиологија, инфектологија и имунологија.

Истражувањето, што му претходеше на развојот на вакцината, се заснова на повеќедецениско знаење од областа на алергиските болести. Резултатите се објавени во медицинското списание Алерџи.

Поврзани новости