За Невзат Бејта има поднесено 15 кривични пријави и никој не реагира, вели Таравари

by Fokus

Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ вели дека очекува предвремените локални избори во Тетово да бидат „кланица“. Според него, градоначалниците на ДУИ се недопирливи за законот.

ФОКУС: Што очекувате од изборите во Тетово?

ТАРАВАРИ Видете, во Тетово на 20 август за албанските партии е како да се парламентарни избори. Толку е битно ДУИ по секоја цена да го делегитимира Билал Касами и пак да добие. Тоа ќе биде „кланица“.

ФОКУС: Теута Арифи пред неколку дена доби четврта кривична пријава и никој ништо не презема?

ТАРАВАРИ: Видете, за Невзат Бејта има 15 кривични пријави. Ние одржавме 40 прес-конференции, кои беа наречени „Вистината за Гостивар“. Никогаш не дојде обвинителството да нѐ праша што е тоа што го објавувате, иако тоа беа јавно искажани факти. Така што, потоа и не ја продолживме процедурата зашто чини пари и одзема многу енергија, а сите знаеме дека на крај нема да се процесуира.

ФОКУС: Како ќе настапите во Тетово, сами или со БЕСА заедно?

ТАРАВАРИ: Сѐ уште се прават анализи, се следат анкетите. До 14 август навечер е денот кога треба да се предадат листите. Ги анализиравме опциите заедно со БЕСА да одиме и сами, па потоа заеднички пак да направиме коалиција. Сѐ уште не сме одлучиле, ќе видиме.

ФОКУС: Ќе успеат ли ДУИ пак да го вратат Тетово?

ТАРАВАРИ: Не верувам. Генерално, во полошкиот регион постои анти ДУИ расположение. Од вкупно шест општини во полошкиот регион што се раководени од албански градоначалници, само две ги има ДУИ, две Алијанса и две БЕСА. Но, пак ќе речам, на 20 август, жителите на Тетово ќе одлучат како понатаму.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Разговараше Ирена МУЛАЧКА

 

Поврзани новости