За невакцинираните во Германија нема да има платено боледување и бесплатни тестови

by fokus

Германија, ги заостри мерките за невакцинирани граѓани, односно новите правила предвидуваат дека ќе останат без надомест за болест ако добијат корона.

Претходно, оние лица кои требаше да бидат ставени во карантин по враќањето од странство, доколку биле во контакт со некој што беше заразен или ако самите се заразени со корона, добиваа плата, иако беа на боледување. Но, од 1 ноември, ова повеќе нема да важи за сите, односно невакцинираните вработени нема да добиваат надомест за периодот што го поминуваат на боледување или во карантин.

- Advertisements -

Пред неколку дена, германските власти објавја дека од понеделник и брзите тестови за невакцинираните веќе нема да бидат бесплатни, освен за деца, бремени жени и луѓе на кои не им е дозволено да се вакцинираат од медицински причини. Цената на тестовите во Германија е од 10 до 25 евра. Во исто време, тоа е цената на секое излегување за оние кои не ја примиле вакцината, бидејќи ќе им треба негативен тест каде и да одат, без разлика дали станува збор за кафе со пријатели или за одење на фризер.

Поврзани новости