719
Вчеравечер во Велес биле уапсени четири момчиња поради тоа што биле фатени со марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„На 01.01.2022 во 20.50 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес се лишени од слобода Д.Р.(19), М.Ѓ.(22) и Ј.М.(19), сите од Велес, затоа што кај нив е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.01.2022 во 21.35 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес е приведен А.А.(20) од Велес, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.