За непочитување на полицискиот час во Скопје обвинети 13 лица

by Fokus
Девет казнени налози со кои се опфатени вкупно 13 лица поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, тие се обвинети за непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, бидејќи за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Јавното обвинителство на Судот му предложи за обвинетите за изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Поврзани новости