523
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава изречени се 633 прекршочни казни за неносење лична заштита на лице, соопшти МВР.
За 24 часа исто така, на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од МВР соопштија дека изминатото деноноќие се извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ги почитувале мерките.