Вакцината против корона вирусот на којашто работат израелски научници, ќе биде спремна за тестирање за неколку седмици, но нема да биде достапна за употреба со месеци поради долготрајната и понекогаш бирократска постапка за тестирање и одобрување.
Ова го соопштил член на научниот тим, а објавува порталот Times of Israel.
Како што наведува порталот, државниот институт „Мигал Галиле“ веќе четири години работи на вакцината која би можела да се користи за различни видови на вируси и може да се прилагоди и за корона вирусот.
Член на лекараскиот тим изјавил дека таа нова орална вакцина против корона вирусот, која би ја примале и возрасни и деца, би можела да ги ублажи симптомите на вирусот и да ги претвори во „многу блага настинкa“, а многумина не би имале никакви симптоми. Вакцината ќе содржи посебно произведени протеини.