Од почетокот на есента до сега во Србија починале 4 деца од голема кашлица, а едно дете е на респиратор и во многу тешка состојба, соопшти управителот на белградскиот педијатриски институт за мајки и деца.
Српското министерство за здравство појасни дека станува збор за четири смртни случаи на дечиња од почетокот на есента минатата година. Поради големиот број на новозаразени во декември Институтот за јавно здравје прогласи епидемија на голема кашлица во Белград.
Според последните податоци, во моментов има 70 заболени деца од оваа опасна респираторна инфекција, а речиси половина од нив се хоспитализирани.
Здравствените власти порачуваат дека вакцинацијата е единствената превенција, иако забележале зголемување на заболени дечиња токму во групата на предвакцинална возраст.