Министерството за здравство треба да исплати 8,5 милиони евра поради раскинување на договорот за изградба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, јави телевизија Сител.
Договорот го потпиша министерот Никола Тодоров во времето кога премиер беше Никола Груевски. Овој договор го раскина поранешниот министер Венко Филипче, а сега Министерството на чело со Беким Сали треба да ги плати пеналите на италијанската фирма.
Во 2017 година кога Никола Тодоров како технички министер го потпиша договорот со италијанската фирма кажа дека новиот објект ќе биде изграден за 5 години и ќе чини 72 милиони евра.
Претходниот министер за здравство Венко Филипче ниту еднаш не потврди дека фирмата со која го раскина договорот ќе бара плаќање на пенали.
Министерот за здравство Беким Сали, во јули годинава изјави дека градењето на нов Клинички центар останува приоритет број еден за него, но се уште не е најдено најдоброто финансиско решение за негова изградба.