833
Град Скопје ќе набави дрва од повеќе видови во вредност од 650.000 евра. Дрвата ќе се набавуваат преку јавна набавка во соработка со Министерството за животна средина и ЈП „Паркови и зеленило.
Ова денеска го сопшти градоначалникот Петре Шилегов на прес конференцијата на која соопшти дека на местото на отстранетиот споменик на Ќосето ќе се насади дрво од видот Гинко.
Гинко (науч. Ginkgo biloba) е дрво кое потекнува од пред 225 милиони години, а во леденото време тоа успеало да преживее само во Кина. Гинкото се одликува со голема отпорност на екстремни услови (отрови, загадувачи, радијација, инсекти итн.). Цената на едно дрво Гинко изнесува околу 5000 денари во зависност од староста и висината