Обидите на Западот да наметне горна граница на цената на рускиот гас ги попречуваат пазарните механизми и затоа за Москва се неприфатливи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој потенцира дека со оваа одлука на ЕУсе руши пазарниот процес на одредување цена, и се навлегува во пазарните процеси. Секоја ваква одлука за Русија “ е неприфатливо, оцени Песков,
Тој посочи дека на Русија ќе и треба време да ги одмери сите предности и недостатоци од оваа одлука на ЕУ и да избере одговор на новите европски санкции за гас .
Сигурно ќе биде потребно време за темелно да се измерат сите добрите и лошите страни кога се прави решение. Знаете дека процесот со нафтата е малку продолжен, но нашиот одговор на одлуката за повисока цена на нафтата ќе биде објавен, а истото ќе биде и со гасот, рече Песков.
Членките на Европската унија денеска ја договорија одлуката за ограничување на цената на гасот на 180 евра за мегават-час, односно 1.850 евра за 1.000 кубни метри.