Досегашната советничка на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова денес од говорницата во Советот на Град Скопје истакна дека отсега ќе настапува како независен советник, по што доби аплауз од актуелната градоначалничка Данела Арсовска.
Ова може да се каже дека е втор советник која ги напушта редовите на најголемата опозициска партија откако претходно Александар Трајановски, кој доаѓа од ГРОМ на Стевче Јакимовски, а кои беа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
„Фокус“ побара коментар и од најголемата опозициска партија во однос на напуштањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Арсовска до сега во советот има поддршка од два советника, покрај Трајановски од ГРОМ, и од Ирена Попова. За моралните вредности на советниците немаме намера да дискутираме, тоа ќе треба да го објаснат на гласачите кои ги гласаа на листата Обнова на Македонија и кои со право очекуваат одговори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.