За ,,Монструм” и ,,Диво Насеље” разговарале Филков и косовската министерка за правда

by fokus

Министерот за правда Игор Филков во Приштина остварил работна средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу, на која биле разменети искуствата и добрите практики во реформските процеси.

– На средбата беше дискутирано и за две отворени прашања од интерес на двете земји. Разговарано беше за случајот „Монструм“, за којшто од косовска страна беше презентирано дека барањата за екстрадиција се процесуирани од страната на Јавното обвинителство и дека веднаш откако ќе биде донесено решение или ќе имаат конкретни информации за истото ќе го информираат Министерството за правда на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за правда.

Во однос на нивните барања за случајот „Диво насеље“, министерот Филков посочил дека сите предмети се земени во работа и дека се постапува со нив согласно националното законодавство и сите меѓународни стандарди.

Двајцата министри ја искажале својата определба да продолжи соработката меѓу двете институции во насока на остварување на заедничките заложби.

Поврзани новости