Сите кои се разочарани од Зоран Заев се добредојдени, порача денеска првиот човек на опозицијата, Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека криминалниот октопод е во слободен пад, притоа најавувајќи дека доаѓа иднина.
„Народот ги знае сите маски на Заев. Сето ова е доказ на немоќ. Без оглед на тоа што сакаат да не направат исти со Заев, ние не сме ни одблиску исти. За голема жал, „Рекетот“ не е единствен случај за сомнеж за криминал. Додека сето ова се случува, државата влегува во криза. Еден од убијците на Саздо се уште е на слобода. На слобода е и убиецот на Пино Секондо. Очигледно е светот во кој живее Заев не е истиот во кој живее Македонец. Падот на оваа власт не е прашање кога ќе се случи. Дојдовме до степен кога не добивме надеж дека било што ќе се подобри. ВМРО е заедно со народот и секој Македонец ќе ја сруши оваа власт и ќе донесе правда. Ги слушам сите оние кои говорат бунт против оваа власт. Знам дека на луѓето не им е сеедно кога својата земја ја гледаат окупирана и им се одзема иднината кое е нивно основно право. ВМРО-ДПМНЕ започна со рушење на оваа неодговорна власт. Не се исклучени ниту масовни протести, но и друг тип демократски алатки. Следува период кога ќе се одлучува и за европската иднина. Македонија не е пашалак на Заев, а одговорност мора да има.
ВМРО-ДПМНЕ побара предвремени парламентарни избори. Го трчаме последниот круг, а целта јасно се гледа. Сите разочарани од Зоран Заев се добредојдени. Прибирањето на доказниот материјал се случувал фуриозно. Кој го вршеше распитот на Лиле Стефанов? Зошто не почекаа Русковска да се врати од одмор? Колку побрзо заминат, толку побрзо на Македонија ќе и се раздени“, истакна Мицкоски.