Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека еден од условите за прифаќањето на францускиот предлог е да се отстрани заклучокот со кој се бара Бугарите да влезат во Уставот пред непосредниот почеток на преговорите со ЕУ.
-Ова е преговарачка рамка со која не се обезбедува европска иднина, туку со која се бугаризираме. Ако е обезбеден идентитетот, во делот на заклучоците да бидат изброшани членовите 11 и 14, рече Мицкоски и додаде дека протестите пред Владата продолжуваат.
Двата споменати членови се влегувањето на Бугарите во Уставот и решавањето на историските прашања.
Мицкоски побара и да се избрише делот во преговарачката рамка каде што еднаш годишно ќе се прават прегледи од Европската комисија за тоа што е сработено од решавањето на билатерланиот спор.
-Ниту за мене ниту за ВМРО-ДПМНЕ ваквите документи се неприфатливи. Тоа е одлука не само на Христијан Мицкоски, туку и на Извршниот комитет, рече тој.