Нема покачување на минимална плата на 450 евра, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски. За првиот човек на владата ова прашање имало политичка позадина, за што ги обвини ССМ и СДСМ.
И со ребалансот не се предвидени пари за повисока минимална плата.
Мицкоски пред изборите ветуваше дека платите ќе бидат повисоки, сега кога трошоците за живот интензивно растат, животот на граѓаните станува се потежок, премиерот им сврте грб на работниците.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вчера предупреди дека прекинот на трендот на постојан раст на платите, вклучително и на минималната плата оди на директна штета на работниците.
Филипче истакна дека СДСМ успешно ги покачуваше платите изминатите 7 години.
„Денеска гледаме дека трошоците за живот се покачени а платите не се зголемуваат, што апсолутно значи дека животот за граѓаните станува потежок” – рече Филипче.