869
Ќе продолжам да се борам во она во кое верувам и ќе ја сослушам секоја поддршка од политичките субјекти. Ова денеска го истакна првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.
„Со нашето прво влегување во Влада ќе се предложи закон за испитување на потеклото на имот на сите лица кои се бават со политика или извршувале политички функции. Тоа и Заев го поддржа. Ние очекуваме голема поддршка од другите партии. За мене политиката е на ниво на филозофија, а не на пазар. Не треба власт по било која цена за да бидете на власт“, рече Мицкоски.