За Лукаревска, Ковачевски е европска локомотива

by Fokus

Заменик-претседателот на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 смета дека проблемите со Бугарија не треба да се очекува дека брзо ќе се решат, туку според неа треба квалитетно работење.

-Она што е за нас важно, да не се отстапува од црвените линии, ако шпекулираме, само ќе направиме штета на процесот. Нашиот премиер Ковачевски е европската локомотива, сепак политиката на политичарите, историјата на историчарите, културана на оние кои се занимаваат со култура. Во врска со политичката ситуација во земјава, таа смета дека несериозна е иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ да се бара укинување на Пржинската влада и барање на предвремени парламентарни избори, вели заменик-претседателката на СДСМ.

Поврзани новости