За Ковачевски – Апасиев е лидер на опозицијата!

by Fokus

Во Собранието денеска е во тек седницата за пратенички прашања, на која премиерот Димитар Ковачевски го поздрави претседателот на Левица, Димитар Апасиев, ословувајќи го како „лидер на опозицијата“.

„А, еве дојде лидерот на опозицијата. Добар ден господине Апасиев“, му се обрати Ковачевски на Димитар Апасиев.

На денешната седница најголем дел од прашањата од опозицијата до премиерот се однесуваа за договорот од 1,3 милијарди евра со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници. Притоа, Ковачевски од собраниската говорница им порача на политичките опоненти дека „ќе биде премиер до 2028 година“.

 

Поврзани новости