585
Во акцијата за помош на Горан Ангелов – Ќосето, за три дена се собрале 1.025 долари.
Ангелов, кој е претседател на здружението ,,Андон Јанев – Ќосето’’ беше уапсен со уште триесеттина други лица лани кон крајот на ноември, во полициска акција поради учество во крвавиот четврток.
Пред три дена, на страницата за донации ,,Go fund me’’ беше започната акција за собирање на финансиска помош за него и за неговото семејство. Досега донирале помалку од 20 лица, а најчестите суми кои се уплатиле се 20, 30 или 50 долари. Во донирачката акција е наведено дека целта е да се соберат 10.000 долари.
В.К.