За кои европски земји Русија ја прекина испораката на гас?

by Fokus

Финска не е единствената европска земја на која Русија го прекина снабдувањето со гас. Минатиот месец руската државна енергетска компанија Газпром го прекина снабдувањето со гас за Полска и Бугарија, откако тие, како и Финска, одбија да платат за гас во рубли.

-Многу е жално што сега ќе биде запрено снабдувањето со природен гас според нашиот договор за снабдување. Сепак, внимателно се подготвивме за оваа ситуација и се погриживме да нема прекини во мрежата за пренос на гас“, соопшти вчера финската компанија за гас Gasum, додавајќи дека поставила заменски мрежи за снабдување по добиеното известување од Газпром дека од денеска наутро ќе го прекинат снабдувањето со природен гас.

Сите три земји-членки се ЕУ, која инсистира плаќањата да продолжат да се вршат во евра, што значи дека и другите членки на Европската Унија би можеле да се соочат со истиот проблем кога ќе дојде време да платат за испорака на тој извор на енергија.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин рече дека планира да разговара со Газпром за можноста за зголемување на испораките на природен гас за Калининград, руска територија меѓу Литванија и Полска.

Поврзани новости