До завршување на изборниот процес и гласањето за избор на претседател на СДСМ, пристигнат е само еден приговор, соопшти денеска Викторија Аврамовска Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија.
-Уште вчера, во текот на денот Комисијата соопшти дека е мал бројот на членови, вкупно 51 кои побараа да им биде овозможено да гласаат иако не биле на избирачкиот список. На 7 им е прифатено барањето а 44 се одбиени. Затоа што по проверка во системот се констатираше 7 се акредитирале а 44 дека не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација.
Оттука, целосно е несоодветно да се тврди дека станува збор за голем број на членови ниту пак да се тврди дека ова има влијание на процесот. Секој кандидат имаше свои контролори на сите 77 избирачки места и во Централната изборна комисија, на денот на гласањето. За дополнителна транспарентност и можност којашто им беше оставена да гласаат сите контролори еден ден пред изборите, односно на 29.06.2024 година. Како Централна изборна комисија констатиравме дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ, рече Аврамовска Мадиќ.
Од преброени 95 отсто од гласовите, Венко Филипче убедливо победи на изборите во опозициската партија СДСМ по катастрофалниот пораз на двојните избори во април, однсно мај.