За инцидентот во Охрид, Бугарија ќе бара да бидат информирани Советот на Европа и ОБСЕ

by Fokus

Потпретседателот на бугарското Собрание, Кристијан Вигенин денеска ги повика властите и партиите во земјава да се воздржат од изјави кои не водат кон решавање на проблемите меѓу Македонија и Бугарија.

– Ги повикуваме властите во Северна Македонија, како и водечките политичари и партии, да се воздржат од изјави и постапки кои не водат кон решавање на проблемите, туку до неприфатлива ескалација, која долгорочно може да го влоши дијалогот меѓу двете земји, изјави Вигенин, кој е потпретседател на Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Тој најави дека неговата партија ќе инсистира за инцидентот од четвртокот во Охрид да бидат информирани Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Поврзани новости