За инспекторот Илиевски се расправа зад затворени врати, новинарите избркани од зградата на ДПИ

by fokus

Дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат не им дозволи на новинарите да присуствуваат на денешената седница на која се расправа за дисциплинската постапка против просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски.

Против Илиевски е покрената дисциплинска постапка откако го разоткри скандалот околу незаконско унапредување во научни звања на сегашни владини функционери. При тоа Илиевски обелодени дека му бил вршен притисок и добивал закани со барање да не ја разоткрива аферата.

Новинарите кои сакаа да присуствуваат на седницата беа избркани од зградата. Од Комисијата им беше речено дека по седницата ќе следи изјава за медиумите, но не добија одговор зошто е седницата затворена за јавноста.

Скандалот кој го објави Илиевски се однесуваше на министерот за образование, Арбер Адеми, и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу. Според Илиевски и двајцата биле унапредувани во наставно-научни звања на Тетовскиот универзитет, додека работното место на универзитетот им било во мирување.

Поврзани новости