За Груевски се чува место во хашките ќелии

by Fokus

Во новото барање за екстрадиција на поранешниот премиер, Никола Груевски, ќе стои дека по неговото враќање ќе биде сместен во хашките ќелии што ги изгради неговата Влада. Овие ќелии ги исполнуваат условите, а Груевски ќе биде третиран како специјален затвотеник. Бегалецот од правдата, Груевски, инаку го доби азилот во Унгарија со образложение дека македонските затвори немаат услови за сместување на осуденици од таа категорија.

Министерот за правда Кренар Лога вели дека во новиот допис ќе бидет наведени 9 други случаи во кои Груевски е обвинет или осуден.

„Груевизмот нема да избега од Северна Македонија додека овој човек и луѓето околу него и тој дух не ја добијат заслужената казна. Во моментов подготвуваме писмо со барање за негова екстрадиција за девет други кривични дела, за кои тој е обвинет и има меѓународна потерница. Во горенаведеното писмо дадов сугестија да се напише дека земјата ги исполнува условите за категоријата личности како Груевски, бидејќи истиот тој градеше ќелии, таканаречени  хашки ќелии, кои ги исполнуваат сите стандарди и верувам дека со овие докази ги исполнуваме стандардите за негов третман како специјален затвореник и сметам дека треба да биде екстрадиран од Унгарија“, изјави министерот Лога за ТВ 21.

Поврзани новости