Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска им порача на надлежните институции дека треба веднаш да постапат по наодите на новинарските истражувања за неправилностите откриени во Државна Лотарија.
Според неа е недозволиво во државни институции да има веб сајтови кои работат во интерес на политички партии, откако опозициската Демократско движење на Меџити обвини дека во Министерството за политички систем предводено од Артан Груби постојат веб сајтови регистрирани од директорот на Државна Лотарија кои шират клевети и напади кон претседателката на Врховниот Суд.
Во новинарско истражување на КОД на Телма беше потврдено дека најмалку 9 новинари и медиумски работници дејствуваат како новинари преку канцеларии во Министерството, а сопственик на еден спорен веб сајт е вработен во Државна Лотарија и неговата сопруга која работи во Министерство за финансии.