За време на двегодишната пандемија со ковид 19, Шведска беше една од земјите која најопуштено ја прифатија корона кризата, па така тие беа меѓу единствените земји во кои не се стави клуч на врата на училиштата, рестораните и продавниците беа отворени. Строг локдаун и високи парични казни за прекршоци не одговараа на шведскиот модел.
Според официјалниот извештај на ворлдометер, во Шведска досега има заразени од ковид 2.451.464 граѓани и 17.321 починати. Тоа значи дека на популација повеќе од 18 милиони жители, починале 1.697 на 1 милион.
„Фокус“ поразговара со докторка Лилјана Кочоска-Мараш од Македонија, која долги години живее и работи во Шведска за да ни објасни што се случувало таму за време на ковид пандемијата, какви рестриктивни мерки преземале, колку од граѓаните бил хоспитализирани и на кој начин биле лекувани?
Дефинитивно не се контролираа д-димери кај лица кои не беа на интензивна нега, д-димери се сосема непотребна и скапа контрола кај кои прележале корона дома со благи или средно тешки симптоми“, вели доктор Мараш.
Таа додава дека Шведска во моментот не се фокусира на бројот на заразени, туку на оние на кои им треба хоспитализација.
„Вирусите мутираат и новиве соеви даваат поблаги симтоми, но голем дел од популацијата е вакцинирана. Смртните случаеви се драстично намалени, имате точно број на починати“, додава докторката.
Со оглед на тоа, што во Македонија повеќе од 90 отсто од случаите на пациенти заразени од ковид, кои завршиле во болница беа ставени на кислородна поддршка, ја прашавме доктор Мараш да ни објасни како биле лекувани пациентите во болниците во Шведска.
„Заболеноста (клиничката слика) а не заразеноста е индикатор за кислородна поддршка.Генерално, далеку од сите заразени добиваа кислородна поддршка, баш напротив“, вели докторката.
До 20 февруари во Шведска беа укинати речиси сите рестриктивни мерки.
Ирена МУЛАЧКА