За Еуростандард треба да одговараат и тие кои земале спорни кредити, вели Тортевски

by fokus

Истрагата за Еуростандард е многу лесна. Треба да се следат парите. Тие што земале кредит, а веднаш ги извадиле парите парите и сега ги немаат, извршиле кривично дело заедно со тој што им го одобрил кредитот. Треба да им се даде шанса да ги вратат парите и да ја раскажат шемата, а инаку затвор.

Ова на Твитер го објави долгогодишниот адвокат, Александар Тортевски по објавувањето на извештајот на мнозинскиот сопственик на пропаднатата банка, Трифун Костовски.

Во изјава за „Фокус“ Тортевски објаснува дека за случајот треба да одговара секој што бил во органите на банката, а договарал и влијаел некој да добие кредит кој било очигледно дека нема намера да се врати.

-Мора да се истражи колку пари тие што добиле такви кредити им вратиле пари во готово на одговорните лица во банката. Исто мора да одговараат и сите што земале такви кредити без намера да ги вратат. И они сториле кривични дела Измама, Перење пари.., вели Тортевски за „Фокус“.

Извештајот кој беше обелоденет во понеделникот предизвика големи реакции во јавноста, од обвинувања дека во банкарскиот систем со години постои незаконско работење до слевање на пари од Венецуела во Македонија, токму преку Еуростандард банка.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости