Во изминатото деноноќие починале осум пациенти заразени со корона вирус, соопшти Министерството за здравство.
Сите починале во болнички услови, двајца од починатите се од Скопје на возраст од 75 и 68 години, тројца од починатите се од Гостивар на возраст од 82, 68 и 65 години, еден шеесет и деветгодишник од Кочани, седумдесет и осумгодишен пациент од Струга и еден шеесет и четиригодишен пациент од Струмица.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се три деца и три мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на Ковид-19.