103
Според последниот извештај во ЦУК, имало вкупно 1.543 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие.
Информациите се дека „реални“ повици за итни случаи биле 41,08 %, а 58,92 %други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните.
Распределбата на повиците за итни случаи, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, била следната: кон Полиција биле упатени 46,50 % од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 44,50 %, а кон пожарникарите биле упатени 5,50 %.