782
Освен бројот на ново заразени од Ковид-19, кој изминатата недела е намален за над 37%, за речиси идентичен процент е намален и бројот на починати пациенти.
-Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.