За една недела уште 5 милиони завршија кај играчите со Милионер и Мини џекпот

by fokus

МИЛИОНЕР И МИНИ ЏЕКПОТ добивките на Видеолотарија Касинос Австрија минатата недела испорачаа прилив од приближно 5 милиони денари на сметките на среќни играчи. Двајца од нив се радуваа на добивките вредни 1.455.484 и 1.622.730 денари.

Непресушниот извор на радост наречен МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, овој пат ги погоди Скопје и Струмица. На претпоследниот ден од минатиот месец, среќата му се отвори на еден играч од југоистокот на Македонија во Клуб Спорт 77 Евротип, со добивка вредна 1.455.484 денари.

Веста за МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ во Скопје, пак се рашири на 3 март и тоа во самиот центар на главниот град. Среќната локација овојпат беше објектот на Моцарт, каде е освоена добивката во вредност од 1.622.730 денари.

Мината недела играчите се радуваа и на МИНИ ЏЕКПОТ добивките кои кај нив инкасираа вкупно 1.903.603 денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #Vlt #Милионер џекпот

ПР текст

Поврзани новости