640
Изминатата недела, од 26 октомври до 1 ноември, од корона вирусот починале 88 пациенти, што е зголемување од 4,8% во однос на минатата недела.
Oд нив, 70 лица биле над 60 години, 12 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по еден во возрасните групи од 30-39 години и 20-29 години.
Во истиот период, пак, по добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.262 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 696 повеќе во однос на претходната недела.