Бизнисменот Сеад Кочан, за околу една недела треба да го прими упатниот акт за издржување на затворската казна од четири години и осум месеци, која му беше изречена во предметот „Труст“. Откако упатниот акт ќе му биде доставен, тој самиот ќе треба да замине во затвор, за издржување на казната.
Правосилната пресуда во текот на вчерашниот ден била доставена до Кривилниот сиуд, па преку АКМИС системот ќе биде одреден судија за извршување на санкциите, кој ќе треба да го изготви упатниот акт на Кочан за во затвор.
-Денот на јавувањето во установата се одредува така што на осуденото лице да му останат најмалку осум, а најмногу 13 дена од денот на приемот на упатниот акт, се предвидува во Законот за извршување на санкциите.
Додека го чекаше упатниот акт, екс премиерот Никола Груевски, иако беше правосилно осуден, сепак успеа да избега од државата.
Кочан сламката за спас може да ја бара во Врховниот суд, со поднесување на вонреден правен лек, но и да бара одложување на извршувањето на казната, како што направи Владо Бучковски, кој и покрај правосилната пресуда никогаш не отиде во затвор. Во меѓувреме Врховниот суд ја укина пресудата за Бучковски и процесот почна од почеток.
Апелациониот суд пак за истиот случај „Труст“ пресуди условна казна за обвинетиот Василије Авироивиќ.
В.В.