442
Од почетокот на годинава досега низ Македонија поминале 53.434 мигранти на кои им се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на правото на азил.
Од нив, 22.127 се мажи, 11.526 жени и 19.679 деца кои биле придружувани од носителот на потврдата. Има и 102 деца кои патувале без родител.
Полицијата денеска информира дека во текот на изминатите 24 часа издадени се вкупно 931 ваква потврда. Меѓу мигрантите 395 се мажи, 212 жени и 324 деца придружувани од носителот на потврдата. Според државјанството, најбројни се државјаните на Авганистан (351), потоа на Сирија (297) и на Ирак (283).