За еден ден полицијата казни 301 возач во Скопје

by Fokus

Полицијата во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Како што информираат од МВР, на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени биле вкупно 301 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола за 13 лица, за пречекорување на дозволената брзина биле казнети 128 возачи, забележани биле 26 технички неисправни и нерегистрирани возила и изречени 80 мерки за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости