За еден ден казнети 319 возачи за брзо возење

by fokus

Во текот на вчерашниот ден дури 319 возачи биле казнети за брзо возење, информираа од МВР.

Од нив, како што се посочува, 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 154 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 165 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани новости