За еден час тројца прегазени пешаци во Гостивар, Скопје и Куманово

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 18.55 часот било пријавено дека во Гостивар на ул. „Мајор Чеде Филиповски“ патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од К.Б.(40) од Тетово удрило во С.С.(57) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Општата болница Гостивар.

Речиси половина час подоцна, во 19.20 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Антон Попов“ патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Н.(25) од Скопје удрило во А.О.(29) од с. Форино, Гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Истата вечер, во 20.15 часот било пријавено дека во Куманово на крстосницата од ул. „Железничка“ и ул. „Индустриска“ патничко моторно возило „сеат толедо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(36) од с. Черкези, Кумановско удрило во К.М.(77) од с. Гошинце, Кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово.

Поврзани новости