За еден час двајца пешаци прегазени од мотоцикли

by Fokus

МВР информира дека вчера околу 13.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во двор на основно училиште во Валандово, мотоцикл, управуван од малолетник од Валандово, удрил во малолетен пешак од с. Пирава, Валандовско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово.

Еден час подоцна во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.А.(26) од Скопје, удрил во пешакот Е.Д.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Поврзани новости