За две седмици 1.878 случаи на ковид помалку

by Фокус

Почитувањето на мерките дава резултати, да останеме одговорни и за време на празниците, порача министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук.

Тој објави илустрација со бројките на новодијагностицирани случаи на ковид-19 во првата и во третата седмица од овој месец, при што разликата е 1 878 случаи помалку.

Филипче, исто така, уште еднаш повика на одговорно однесеување на граѓаните за време на претстојните новогодишни и божикни празници.

Поврзани новости