За две години ќе биде отворен четврти граничен премин меѓу Македонија и Бугарија кај Берово

by Фокус

До крајот на 2020 година се очекува да биде готов патот кон граничниот премин „Клепало”, во близина на Берово, кој треба да биде четврти граничен премин меѓу Македонија и Бугарија, најави синоќа бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи, Николај Нанков, за време на парламентарната контрола.

– Од македонска страна делница е подготвена, но има потреба од поправка, за што се веќе преземени ангажмани – изјави тој.

Инаку, транспортната врска до контролниот пункт е околу 30 километри, а патот не е поправен повеќе од 30 години. Побарана е изработка на технолошки проект за поправка на првите 16 километри од патот и, според првичната оценка, поправката ќе чини околу пет милиони евра.

Поврзани новости